Едукацијата не е само одење на школо и добивање на признание. Тоа значи и проширување на знаењата и осознавање на вистината за животот.

 

Учениците во СОУ „Орде Чопела“, се изјаснија дека сакаат дворот во нивното училиште да се реновира, да има паркинг за велосипеди, коли, и игралиште.

Ги прашавме учениците што мислат за сегашниот изглед на дворот. Кај нив преовладуваше само еден одговор, а тоа беше барањето за итна модернизација, со која ќе се врати сјајот на училиштето.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment