Зошто треба да отвориме кантини во училиштата?

 

Одговорот е едноставен, да инвестираме во здраво општество.

Секое утро, после првите часови, вие можете да видите деца од училиште кои после часови, одат до најблиската пекара да земат перек или пита. Зарем не е подобро да се отвори кантина и децата да јадат готвена храна?

Отворање на кантини во прилепските средни и основни училишта е многу добра инвестиција. Ќе овозможи вработување на нутриционисти, готвачи, но и децата ќе се хранат здраво.

 Со правилна исхрана, ние ќе спречиме многу проблеми, кои настануваат при занемарување на правилниот начин на исхрана. 

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment