За збогатување на спортскиот живот на младите, тие се изјаснија со нова иницијатива на Опин, и тоа отворање на Картинг центар и патека. Младите во Прилеп се љубители на големите брзини.

 

Тоа го докажуваат фактите кои даваат постојано следење на модните трендови на најновите технолошки достигнувања во мото спортот, автомобилите и моторите. Многу од нив се љубители на ридски трки, но и возење на планински џипови погодни за искачување на тешко пристапните места во Прилепската околина.

При професионално занимавање со овој спорт, потребно е посебно одело и соодветна кацига со везир, со која возачите се заштитени при возењето, и штити од ветрот и честите временски неприлики за време на трка.

Отворање на картинг центар во Прилеп би придонело за зголемување на адреналинот и афирмација на влубениците во овој спорт да го посетуваат нашиот град почесто. Картингот бара добра подготовка и огромно внимание за да се заштитиме при возењето. Младите, преку ова можат да ги покажат своите вештини во возењето, без притоа да внимаваат на секојдневниот сообраќаен метеж.

Картингот е доста скап спорт, кој пред се бара добра перцепција при возењето, како и фокус при вртењето на кратки и брзи кривини во обид да се постигне што е можно подобро време за еден извозен брз круг. Исто така, тоа помага за подобар пласман на целта и подигање на самодовербата.

Се надеваме дека оваа иницијатива во целост ќе ги исполни очекувањата кои би претставувале огромна придобивка на Прилеп и неговата околина.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment