Младинскиот културен центар би бил вистинско место за младите, за да можат да се афирмираат, да истражуваат, и да ги развиваат хобијата кои ги прават нив среќни.

Во нашиот град има луѓе со различни вештини, желби, таленти. Имаме млади луѓе кои имаат страст кон поезијата, музиката, играњето, или имаат на лидерски вештини. 

Отворање на културен центар би можел да биде едно од најдобрите можности за развој на општеството.  Има многу примери во странски држави и градови каде е слушнато мислењето на младите и нивните идеи и предлози се земени предвид при имплементацијата на проекти кои се важни за нив.

Младинскиот културен центар би претставувал поттик во општеството, младите ќе започнат со проекти кои носат свежина во општеството.

Ајде да веруваме во младите луѓе, и нивната важност што им даваат шанса на промена на визијата во која живееме!

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment