На 13.11.2017 година, во ООУ Пецо Даскалот во општина Долнени, тимот на ИНФО СЕГА одржа работилница на тема Заштита на личните податоци на социјалните мрежи.

 

На работилницата присуствуваа 18 ученици од осмо одделение со кои на интерактивен начин разговаравме на темата со цел правилно користење на социјалните мрежи, заштита на нивните приватни податоци, групирање на пријателите на facebook, ограничување на постовите и др.

 

Оваа работилница има за цел да ја покрене свеста кај младите за правилно користење на социјалните мрежи и да бидат свесни како можат за се злоупотребат нивните податоци. ИНФО СЕГА ќе продолжи со спроведување на работилници на различни теми во училиштата на Општина Долнени.

Leave a comment