На ден 30.10.2017 година, во просториите на СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп се одржаа работилници на тема: „Значење на претприемништвото“.

 

Волонтерите им објаснија на учениците како започнало претприемништвото и како се развивало. Се дискутираше за причините поради коишто младите луѓе не се одлучуваат и се плашат да бидат претприемачи.

Исто така, на работилниците им беа презентирани на учениците корисни алатки од Еразмус програмата како и начини на финансирање за започнување на сопствен бизнис. Работилниците беа на англиски јазик и ги водеа волонтерите од Младинскиот Инфо Центар.

За да бидат што поуспешни работилниците, претставник од Инфо Центарот од Прилеп им помагаше на волонтерите и учениците при преводот и објаснувањето.

 

 

Учениците покажаа голем интерес и учествуваа активно во работилниците.

Leave a comment