Денес во „ИНФО СЕГА“ Кавадарци се одржа локална дискусија со млади на тема: „Информирани и вклучени млади“.

Оваа дискусија е дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинскоучество“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка одНационална агенција за Европски образовни програми и мобилност во рамките на програматаЕразмус +, клучна акција 3 (Структурен дијалог) и дел од активностите на проектот „Балканска платформа за младинско учество и дијалог“ кој е координиран од АЛДА и реализиран заедно со 7 ЛДА од Западен Балкан и АЛДА Скопје.

 

 

Локалната дискусија вклучи учесници од следниот профил: млади (средношколци, студенти,невработени млади, волонтери и млади кои се вклучени во НВОи и граѓански организации), како идонесувачи на одлуки на локално ниво. Целта на дискусијата беше да сe приберат мислењата иставовите на младите и претставниците на локалните самоуправи во однос на младинскотоинформирање како основа за поголемо младинско учество и потребата од отварање ифункционирање на Младински Информативни Центри во секоја општина во Р.Македонија и да се приберат мислења од младите за културните настани во градот и вклученоста на младите во истите.

 

Повеќе слики од настанот може да најдете на следниот линк.

Leave a comment