Денес, на плоштадот во Прилеп се одржа инфо ден каде што беа презентирани секојдневните активности на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар од Прилеп.

 

Сите кои што ги посетија штандовите имаа можност да се запознаат со програмите кои што ги нудиме како инфо центар, како и можностите за волонтирање низ Европа. Програмите за волонтирање се реализираат преку Еразмус +, ЕВС.

Во презентирањето на програмата и работата на Младинскиот Инфо Центар учествуваа и нашите волонтери од Италија и Молдавија, како и гостите од Јужна Африка и Полска. Тие им објаснуваа на младите како може да аплицираат за волонтирање, но и за нивните искуства како волонтери во Македонија.

 

Поделен е промотивен материјал на сите кои што ги посетија нашите штандови. Волонтерите и нашиот тим споделија позитивна енергија, ентузијазам и информации со посетителите што придонесе за успешно реализирање на инфо денот.

Leave a comment