На 26 септември 2017 година, во СОУ Ѓорче Петров и Гимназија Мирче Ацев Прилеп, ИНФО СЕГА одржа работилници за ОПИН, алатката за електронско учество на млади. На работилницата беше промовирана ОПИН веб страната, беа презентирани предложените идеи од младите и начинот на регистрација на младите со цел следење на идеите, лајкување и коментирање.


Во првата фаза на проектот „Youth voice in e-participation” во периодот од април – јуни 2017 година, добивме 19 предлог идеи и иницијативи од младите кои се поставени на веб страната на ОПИН www.opin.me и се во фаза на гласање и коментирање. ИНФО СЕГА ќе продолжи со спроведување на работилници во сите средни училишта во Прилеп.

Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment