Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА од Кавадарци по повод „Нeделата на граѓански организации“ поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД организираше ИНФО Караван во центарот на Кавадарци. На ИНФО СЕГА Караванот локалните млади имаа можност да се информираат за Еразмус+ програмата, Европски волонтерски сервис, услугите на ИНФО СЕГА, да бидат дел од креативното катче и да се забавуваат преку безброј активности за млади.

 

Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА Кавадарци, е проект на Коалиција СЕГА и е отворен во август 2015 година, чија основна цел е информирање на младите, организирање на разни настани, едукации и активности за млади, креативни работилници за деца и др. Овој центар е втор Информативен центар кој работи според стандардите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање).

Идејата беше по повод „Нeделата на граѓански организации“ која трае од 11 – 17 септември 2017 година, да се презентираат разни услуги и можности кои невладините ги нудат за локалната заедница. Вчера на 12 септември во центарот на Кавадарци (пред општината), ИНФО СЕГА Кавадарци ги промовираше своите услуги и информации за младите поддржани од локални невладини организации и ЕВС волонтери, во период од 6 часа (10:00 до 16:00 часот). Настанот беше проследен со музички хепенинг на кој учествуваа млади групи од Кавадарци.

Повеќе слики може да најдете на следниов линк.

Leave a comment