На 23ти август ја одржавме и последната работилница на Летната Креативна Школа 2017.

 

Децата во склоп на школата се стекнаа со разни креативни вештини и способности. Дружбите ни поминуваа многу интересно, и на секоја работилница учевме по нешто ново. Децата се вложуваа себеси максимално на работилниците и упатуваме благодарност до нив.

 

Благодариме дечки, се надеваме дека ќе се гледаме и наредното лето. Ви посакуваме успешна учебна година.

Leave a comment