Елена Лазова, младински работник од „ИНФО СЕГА“ Кавадарци учествуваше на Младински Форум ЕУ – Западен Балкан „Поврзување на младите – Движење напред“, кој се одржа во Трст, Италија на 11 и 12 јули 2017 во рамки на Самитот за Западен Балкан. 

 

На овој настан учествуваа 60 млади луѓе од земјите на ЕУ и земјите од Западен Балкан, кои дискутираа за заедничките предизвици и работеа на изнаоѓање заеднички решенија.

 

Овој форум ја фокусираше дискусијата околу четири клучни теми идентификувани како приоритетни во регионот:

1) Мобилност / размена / проширување на хоризонтите;

2) Социјална инклузија / надминување на стереотипите;

3) Претприемништво;

4) Учество на младите.

 

За време на младинскиот форум, учесниците имаа дијалог со политичките лидери од ЕУ и Западен Балкан, вклучително и со Комесарот на ЕУ за европска политика за соседство и преговорите за проширување Јоханес Хан. Исто така, тие имаа можност да им ги презентираат главните заклучоци од дискусиите во работните групи. 

 

Овој младински форум е особено важен за Младите во Македонија и на Балканот, бидејќи тие беа директно вклучени во креирањето на препораките за работата на владите на земјите од Западен Балкан.

 

Младинскиот форум ЕУ-Западен Балкан  „Поврзување на младите - движење напред“ беше организиран од Европската комисија во партнерство со италијанската влада, Универзитетот во Трст, Европскиот младински форум и Младинската мрежа САЛТО.

 

Фотографиите од овој настан може да ги погледнете овде.

166 comments

  • u8vxel3e u8vxel3e 21 Nov 2017

    online insurance quotes
    get an auto insurance quote
    amica auto insurance
    online auto insurance
    nationwide insurance company

    Reply
  • zfs336d zfs336d 21 Nov 2017

    click for more

    top article
    go to this web-site
    like it

    Reply
  • SusanAvado SusanAvado 21 Nov 2017

    online pharmacy viagra
    viagra pharmacy
    viagra information
    viagra professional
    viagra alternatives

    Reply

Leave a comment