Елена Лазова, младински работник од „ИНФО СЕГА“ Кавадарци учествуваше на летниот универзитет кој се одржа во Скопје од 17ти до 22ри јуни на тема „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ организиран од АЛДА и ФОН Универзитет.

 

 Целта на овој летен универзитет „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ беше да им обезбеди на младите учесници можност да се осврнат кон минатото, да ги дискутираат моменталните предизвици  и да развијат потребни вештини за креирање на идна демократска Европа.

 

Со осврт на минатото, учесниците имаа можност да се запознаат со различни аспекти на Европската историја во контекст на меѓукултурен дијалог, мир и помирување. Учењето на минатото е неопходен чекор во процесот за градење на иднината. 

 

На овој летен универзитет учествуваа 30 студенти, млади заинтересирани за мир, помирување, сеќавање и меѓукултурно разбирање од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Франција.
Говорници и обучувачи беа универзитетски професори од универзитетот ФОН; експерти и претставници на граѓански организации кои работат во опфатените области и обучувачи за меѓукултурно разбирање и сеќавање.
 

 

Меѓународниот летен универзитет „Сеќавање и меѓукултурен дијалог“ се организираше од страна на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА и универзитетот ФОН. Летниот универзитет на АЛДА 2017 финансиски е поддржан од Централноевропска иницијатива – ЦЕИ, Децентрализираната соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија и Европската Унија, а се организира во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија, Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог и проектот ЛАДДЕР.

Фотографиите од овој летен универзитет организиран од АЛДА и универзитет ФОН може да ги погледнете овде.

Leave a comment