За Нас (3)

За „ИНФО СЕГА“ во Кавадарци

На 19 август 2015 година е отворен вториот Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ во Кавадарци, во рамките на поддршка на Програмата за децентрализирана соработка со меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, Општина Кавадарци и Коалиција на младински организации СЕГА.

За ИНФО СЕГА

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилепе отворен на 30 мај 2010 година. ИНФО СЕГА Прилеп е проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локалната Самоуправа Прилеп.

На 19 август 2015 година е отворен вториот Младински информативен центар ИНФО СЕГА во Кавадарци во рамките на поддршката на Програмата за децентрализирана соработка со меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, Општина Кавадарци и Коалиција на младински организации СЕГА.

Младинските Информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарцинудат информации и услуги за млади и младински организации и се единствени во Македонија кои работат според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) иЕвропската повелба за младинско информирање.

За ИНФО СЕГА Прилеп

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Прилеп е         проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локална Самоуправа Прилеп. ИНФО СЕГА е првиот Младински Информативен центар кој е отворен на 30 мај 2010 година и работи според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.

 

Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образование, рекреативните и културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н.