Фудбалерите на прилепска Победа, вчера попладне во пријателски натпревар во Гевгелија, загубија од второлигашот Кожуф со 3-1 (2-1).

 

На стартот Терзиев откосо биеше, а капитенот Тофилоски прими гол каков што веројатно не примил во неговата кариера. Топката од неговата рака едвај се истркала, но заврши во мрежата (1-0).

Во 27. минута на 1-1 израмни Танушев со глава, по корисниот центаршут на Тимовски. Ристевски и Скендери уште двапати ја погодија прилепската мрежа за конечни 3-1 и изнедувачки триумф на Кожув.

До почетокот на сезоната, Победа ќе ангажира класичен напаѓач, посебно поради казната на Гешоски од четири меча и повредата на младиот Жоглев.

Следната контрола за екипата на Тони Мегленски е в среда на 1-ви август со Тиквеш, а генералката со Пелистер во Битола следниот викенд.

 

gol.mk

Leave a comment