Неуморен е клубот Фил феникс, предводен од директорот Здравко Тодороски. Успешно, вторпат, го организираа Светскиот куп во летање, управување квадрокоптери (дронови).

Учествуваа 16 пилоти од Србија, Бугарија, Чешка и Македонија. Тие изразија задоволство од можноста да бидат дел од ваков натпревар, врв во технолошка сфера. Гледачите на стадионот Могила уживаа во летовите на дроновите, кои како оси брмчеа и со голема брзина ги минуваа пречките. По дводневните напорни пилотирања најдобар се покажа Јакуб Томан (Чешка), а веднаш зад него е Бојан Ников (Македонија). Третото место, доволно за медал, го освои Антони Георгиев (Бугарија).

Летово и наесен ќе има уште воздухопловни возбудувања од меѓународен карактер во Прилеп

 

Извор на веста: zenitprilep.com.mk

Leave a comment