Од 26ти октомври од 18 и 30 часот до 7ми ноември, во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена Ретроспективна изложба од Коста Клифов.

 

 Коста Клифов, млад ликовен уметник, во екот на своето себепронаоѓање и етаблирање во уметничкиот свет, припремајќи ја својата трета самостојна изложба, ненадејно си замина од земниот свет, но зад себе оствари творештво од кое сега слободно можеме да реализираме и неколку изложби од веќе реализираните циклуси.

Овој пат наместо неговата 3-та самостојна изложба во Прилеп, насловена „ Крајот почеток е нов почеток - почетокот е нов крај“, се реализира ретроспектива на неговото обемно творештво кое го остави зад себе, за да зборува за него, дела кои се своевидна мемориска порака на авторот, низ кои ќе го продолжи својот живот во времето што доаѓа.

Leave a comment