Од среда 10 октомври од 18 часот до вторник 23 октомври 2018 г. во ликовната га галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Не-дефиниран урбанизам“ од Катерина Деспот и Васка Сандева.

 

Урбанизм? Дефиниран или не? Несвесно (можеби) или свесно го преорганизираме! Концепт на одредени зелени површини кои се дел од урбанизмот на градот оставаат впечаток дека градот ги има, но претставени на еден ликовен начин точно ја прикажуваме јасната слика дека зелените појаси скоро и да ги нема, а тие зелените површини претставуваат истовремено структурен елемент на градот или неговата околина и ги задоволуваат естетските и културните потребите на жителите. Во актуелната серија на композиции е претставен еден малку поразличен начин на размислување во кое ги претставуваме зелените појаси и зелените површини во урбанизмот како слободно измоделирани линии во отвореното пространство. Уметноста, пејзажниот дизајн и урбанизмот соединети во едно си помагаат едни со други и претставуваат добра релација и притоа создаваат една експресивна порака. А што претставуваат зелените површини? Градското јадро презаситено само со бесконечно неправилно наредени бетонски форми а реката како основна структурна врска за создавање на градот скоро и да исчезнува односно го губи својот лик. А ние каде се движиме во дефинираниот или недефинираниот урбанизам!

Leave a comment