Во петок 7 септември 2018 во 20:00 часот во кино Мис Стон ќе се реализира видео проектот „Анатомија на векот“ од уметникот Гоце Наневски.

Проектот е поддржан од Министерството за култура во годинашната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“.

За проектот:

Најновиот проект на Гоце Наневски е видеотрилогијата насловена Анатомија на векот. Трите индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Аспектот на интервју е клучниот двигател во модулирањето на овие посебни тематски микронаративи. Изборот на вистинските говорници го надополнува сижето и му дава звучност и слоевитост на експликативниот контекст. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.

Во Раѓање, го обработува повеќеслојно аспектот на раѓањето виден низ разновидни призми, од најбазичната биолошко-физичка – предадена во разговор со доктор гинеколог и ембриолог (и бремената со прво дете); преку духовното раѓање и соживотот со Бога – во облик на есхатолошко-философски аспекти на еден православен свештеник – а всушност доктор по философија; онтологии за философското и општествено-социјално „раѓање“ и созревање – во ставовите на д-р по философија, професор и аналитичар на социополитичките состојби; па сè до женски наративи за физиологијата на жената-мајка – успешни професионалки во своите области, чии животи се менуваат со чинот на раѓање ново битие што ги облагородува и ги прави подобри личности (без оглед дали станува збор зСудбина, пак, третира претставници на најранливата категорија граѓани во Македонија кои се комплетно маргинализирани – Ромите, а од друга страна и малцинство со кое се поврзува зборот судбина и во позитивна и во негативна конотација. Интегрирањето и еманципацијата на Ромите кај нас зема посебен замав во последното десетлетие, особено во полето на едукацијата и инкорпорацијата во општествените сфери, но, за жал, сè уште само Ромите ги среќаваме да просат на улиците (без оглед на возраста). Во видеото Наневски го проблематизира овој микросвет, со цел индиректно да критикува во два правци – и општеството што не се грижи доволно, но и решението на оваа заедница да се задоволи со стереотипите и да не се освести дека решението за судбината е во сечии индивидуални раце. Визуелно, ова видео е ослободено од колорит, т.е. е црно-бело, а во него е вклучена авторска музика, шумење од замрзнати видеофрејмови со ефект на снег, како и звуци и кадри кои се добиени со иреверзибилно течење на одредена видеосеквенција. Асоцијациите на интерсекциите со вода и пустина укажуваат на летаргичноста и на номадското чувство за слобода кај Ромите што е врежано во генетскиот код, па можеби и затоа тие тешко стануваат дел од која било општествена матрицаа едно или за повеќе деца).

Во третото видео, Ние, вампирите, Наневски се занимава со сказните и преданијата на старите народи и македонските племиња што се пренесувале од колено на колено и во кои се верувало дека постојат вампири за да прејде дијалогот постепено во анализа на актуелното општество и во персонифицирање на актуелните проблеми во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот свет како дело на вампири. Давајќи му една духовита димензија на целиот видеопреглед, всушност со многу критика и автокритичност, авторот констатира дека сите ние сме вампири на денешното време и дека сите актуелни општествени малформации се случуваат благодарение на нас и се иницирани директно или индиректно од сите социјални фактори на една заедница. Еден интересен коментар на соговорникот Коста вели : „...вампирите четири вреќи ќе ти земат, ама една ќе ти остават, значи имале некаква етика...“, за разлика од „современите вампири“ кои немаат етика, а уште помалку морал и скрупули.

Текст од Ана Франговска:

Во однос на визуелните конструкции на видеата, Раѓање и Ние, вампирите немаат многу експериментални интервенции и пресеци, ниту пак оптички и концептуални интерсекции со други кадри и претстави, но во Судбина Наневски остварува најголема авторска слобода, не само во поглед на кадрирањето и дообликувањето на делото, туку и во тие „нарушувања“ на низата кадри и на вообичаеното сиже со снимки кои веројатно сами по себе само придонесуваат за поголем акцент на идејната матрица. Во другите две видеа, моделирањето на делото се случува во чинот на дискурсната сонда, која со вистинска селекција, сечкање и спојување кадри или изјави од интервјуата креира заокружен аспект на една целина што е подложен на разновидни толкувања, анализи и индивидуални дополнувања. Видеата имаат и забавен елемент бидејќи играат на тенка линија помеѓу пренагласена сериозност-ангажираност и духовитост, продлабочени размисли наспроти модули кои имаат многу плитка животна философија итн. Креирањето на едно дело (без оглед на медиумот) има сличен процес, независно од тесната специјалност на авторот. Се разликуваат медиумите и занаетските техники што се применуваат. Тоа Наневски во својот едукативен ангажман (како професор) не само што им го сугерира на студентите, туку и го докажува. Во дадениов случај, наместо со апарат за заварување, создава дела со користење дигитални компјутерски програми, но контемплативниот процес и за монументална скулптура во метал и за видеодело е многу сличен. Со трите последни видеодела, Наневски визуелно ја обликува личната перцепција за анатомијата на животот, т.е. за конструктивните аспекти на животот (како во скулптура) приоѓајќи им како на скелетон кој бара статичност и издржаност.

 

Leave a comment