Под мотото „Традицијата е код, традицијата е течение“ во вторник 4 септември 2018 во 20:00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на ДЛУП.

 

Ова е проект кој во својата програма ги покрива сите ликовни дисциплини сликарство, скулптура, графика, фотографија, филм, видео, перформанс, а ќе се претстават околу 20 уметници.

-Идејата е да се охрабри истражувањето на љубопитните духови низ координaтите на уметноста, со цел да го пронајдат сопствениот автентичен израз инспириран од народното творештво. Во основа изложбата е обид за воспоставување на врска меѓу традицијата и современиот живот, како и враќање на изгубените корени – велат од ДЛУП, потенцирајќи дека задачата е стимулирање на имагинацијата на прилепските ликовни автори.

Leave a comment