Од петок, 17.08.2018 година со почеток во 19:30 часот, па се до 30 август во ликовната галерија на ЦК Марко Цепенков во Прилеп, ќе биде отворена изложба Играчки и роботи како ликовна инспирација.

 

На изложбата, што ЦК "Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со ДЛУМ, учествуваат автори од Македонија, Србија, Мексико, Шпанија, Бугарија, Унгарија, Ерменија, Куба, Словенија, Хрватска и Франција. Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарски и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.

Leave a comment