Во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде претставена изложбата на Снежана Малетин „Kitchen Lithography“.

 

Изложбата ќе започне на 01-ви август 2018 година, со почеток од 20:00 часот и делата ќе бидат изложени до 15-ти август 2018 година.

Во графиките на Снежана Малетин тематска основа се слики на град, односно, слики на урбаниот градски пејзаж. Урбани мотиви со који се среќаваме скоро секој ден но не обрнуваме внимание колку една површина на архитектонска фасада може да биде посебна слика, а со самото тоа и посебен свет. Паркови, коридори, тунели, погледите низ нив или зад нив, како и огради, каблови, жици... 
Снежана овие слики ги бележи, ги пренесува на хартија користејќи го својот богат и систематичен ликовен јазик, како врвен графичар. Нејзините зборови се линији, површини, текстури. Таа од сеќавање ги извлекува полуапстрактните форми који наговестуваат познати облици со који сме секојдневно окружени. Во ови графички простори, човечките фигури се само наговестени, понекаде нејасни, делувајќи готово менливо. Со вешта употреба на колорит, сите финеси на ликовноста доаѓаат до полн израз. 
Согледувани поединечно овие сцени несомнено представуваат маркантна ликовна сензација. Тие меѓусебно комуницираат, силно поврзани во единствена идеја и ликовна целина. На овој начин Снежана вешто го обликувала и прикажала еден свет кој успешно комуницира со посматрачот, свет кој на прво место добро комуницира со неа.

Leave a comment