Култура (73)

Информација за изложба од Лидија Саздовска

Во петок 14 септември 2018 г. во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ЖЕНА“ од уметницата Лидија Саздовска, која ќе се претстави со 25 дела.

Видео проект: „Анатомија на векот“

Во петок 7 септември 2018 во 20:00 часот во кино Мис Стон ќе се реализира видео проектот „Анатомија на векот“ од уметникот Гоце Наневски.

Кубанска вечер во Прилеп

Во среда 5 септември 2018 во 20:00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Кубанска вечер, што ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со општина Прилеп.

Инфoрмација за изложба на дела од Друштвото на Ликовни Уметници Прилеп

Под мотото „Традицијата е код, традицијата е течение“ во вторник 4 септември 2018 во 20:00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на ДЛУП.

Изложба на дела на Александар Џинго

Во петок 31 август 2018 во 20:00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од прилепскиот уметник Александар Џинго, кој ќе се претстави со 20-тина дела - колаж. Џинго реализирал самостојни и групни изложби, член е на ДЛУП, а учествувал и на повеќе ликовни колонии.

Поставена етнографска изложба на Обрембски

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ од денеска 24 август до 3 септември 2018 година поставена e изложбата „Поречаните. Македонското Порече од 1932 – 1033 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“.

Поетска вечер: „Поезија на пат“

„Поезија на пат“  е поетската вечер што ќе се реализира во четврток  23.8.2018 во 20.30 часот во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На поетската вечер својата поезија ќе ја претстават поети - годинашни учесници на СВП.

Изложба - "Играчки и роботи како ликовна инспирација"

Од петок, 17.08.2018 година со почеток во 19:30 часот, па се до 30 август во ликовната галерија на ЦК Марко Цепенков во Прилеп, ќе биде отворена изложба Играчки и роботи како ликовна инспирација.