Си се соочил со некаков спор и потребно ти е застапување пред надлежниот суд, но не знаеш кој може да го направи тоа за тебе?

 

1.    Доколку си деловно способна странка можеш во граѓанска постапка да преземаш дејствија лично или преку полномошници.

Твој полномошник може да биде:

-        адвокат, - лице дипломиран правник које во работен однос со тебе  

-        роднина по крв во права линија (брат, сестра или брачен другар) доколку е потполно деловно способен.

Ова е утврдено со Законот за парнична постапка.

2.    Во кривична постапка бранител може да биде само твој адвокат.

Доколку како обвинет не земеш бранител, а се работи за кривично дело за кое е пропишана задолжителна одбрана претседателот на судот ќе ти постави бранител по службена должност за натамошниот тек на кривичната постапка до правосилноста на пресудата.

Кога не постојат услови за твоја задолжителна одбрана, ако според својата имотна состојба не можеш да ги поднесуваш трошоците на одбраната, по твое барањеможе да ти се постави бранител, кога тоа го бараат интересите на правдата, а особено тежината на кривичното дело и сложеноста на случајот.

Во барањето дозволено е и самиот да посочиш одреден адвокат за бранител од листата на адвокати од соодветната адвокатска заедница.

 

Leave a comment