Одредени категории на граѓани имаат право на бесплатна правна помош, но дали ТИ спаѓаш во некоја од нив?

Знаеш ли што претставува правото на бесплатна правна помош и дали имаш право да ја користиш истата?

Правото на бесплатна правна помош всушност значи дека имаш право на бесплатно користење на адвокатски услуги.

Истото можеш да го уживаш доколку си лице државјанин на Република Македонија, а вкупните приходи на сите членови на твоето семејство не го преминуваат износот од 50% од просечната месечна плата исплатена во Република Македонија за претходниот месец во времето на поднесување на барањето за бесплатна правна помош.

Исто така, можеш да користиш бесплатна правна помош доколку си корисник на социјална помош, примаш некаков инвалидски додаток, корисник си на најниска пензија и живееш во семејна заедница со две или повеќе лица кои ги издржуваш, живееш во семејство или си самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток.

Во кој случај можеш да поднесеш барање за бесплатна правна помош?

Барањето за правна помош можеш да го поднесеш доколку се работи за судска или управна постапка од областа на социјалното, здравственото, пензиското или инвалидското осигурување, работните односи, заштитата на деца и малолетници, жртвите на семејното насилство, заштитата на жртвите од казниви дела, заштитата на жртвите од трговија со луѓе, признавање на право на азил и имотно-правните прашања.

Кој е одговорен за одобрување на твоето барање за бесплатна правна помош?

Барањето за бесплатна правна помош, треба да го поднесеш до надлежното подрачно одделение на Министерството за правда, лично или преку пошта, на образец чија содржина ја пропишува министерот.

Додека средствата за одобрување на твојата бесплатна правна помош се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за правда.

Leave a comment