Бизнис кафе-муабет со млад претприемач: Ивана Владикова 

Инфо Клуб Штип: Навистина ти благодарам што си овде и како млада претприемачка, но и како млада мајка и најде време да одвоиш да ја споделиш твојата успешна бизнис приказна со младите.

Ивана: Благодарам на поканата, и мене ми е мило што сум овде и се надевам дека младите ќе научат нешто од мене.

Инфо Клуб Штип: Најпрво да те прашам како се вроди желбата да се води споствен бизнис?

Ивана: Јас ја имав дарбата за правење на торти и слатки, подолго време размислував за опцијата да отворам фирма и да се пласирам на пазарот. Кога се огласи мерката за самовработување од АВРМ, сметав дека е добра прилика и добар момент и одлучив да ја искористам можноста и да аплицирам за грант, а овде започна приказната за формирање на „SweetCakes“.

 

Инфо Клуб Штип: Како се одвиваше целиот процес на аплицирање?

Ивана: Процесотза одобрување и започнување на бизнис траеше подолго од очекуваното, или приближно една година.

 

Инфо Клуб Штип: Кои се условите и каков е ризикот во случај на порано затворање или неуспешност на бизнисот?

Ивана: Веројатноста за неуспешност ја има, но доколку сте добро подготвени и имате добар бизнис план верувам дека ќе успеете. Верувам младите ќе сакат да знаат, па затоа би спомнала дека доколку бизнисот се затвори во првата година, треба да се вратат 80% од средствата, а во втората година 60%.

 

Инфо Клуб Штип: Колку време сте регистрирани како фирма?

Ивана: Во Август направив точно 2 години.

 

Инфо Клуб Штип: Кои беа вашите очекувања?

Ивана: Очекувањата со крајниот исход не се исти, денес сепак успешно се одржувам на пазарот, но верувајте не е лесно, има ризик фактори кои не можете да ги предвидете, но во секој случај добро се држам и не се откажувам, кога вложуваш труд, ќе има и плод.

 

Инфо Клуб Штип: За крај една препорака/совет за сите млади што размислуваат да започнат сопствен бизнис?

Ивана: Не би сакала да ги исплашам само сакам да порачам дека мора да бидат многу упорни и секако подготвени. Многу е важна подршката и околностите во кои се наоѓаат бидејќи јас како самохрана мајка морав да ги координирам и организирам работите и дома. Мора да се биде упорен и сите пречки кои ќе ви се најдат да не ве разочаруваат, туку да ве поттикнат да бидете претпазливи и организирани. Направете анализа на нелојалната конкуренција која игра многу голема улога, побарувачка на пазарот, пресметајте го ризикот, но и секогаш гледајте на позитивното, нека ве одржува самомотивацијата, зашто на крај ќе се чувствувате исполнети и среќни зашто сте успеале.

 

Инфо Клуб Штип: Благодарам уште еднаш што не посети, се надевам ќе се видеме повторно заедно со студенти и ќе може вака отворено и искрејно да поразговараш и со нив, ти посакувам успешна работа и се надевам твојата упорност и истрајност ќе биде една порака до сите млади дека кога се сака нешто, со труд и ќе се оствари.

 

Ивана: Така е колку и да е тешко, сепак го работам тоа што од секогаш сум го сакала и тоа е една од убавините на водење сопствен бизнис. 

Leave a comment