Одењето на ЕВС проект во друга земја не е одлука што треба да се направи лесно. Ако се земе некое време за да размислувате, да планирате и останете мотивирани, веројатноста да за разочаратескоро ја нема! Пред поврзувањето со Европски волонтерски сервис (ЕВС) не се фокусирајте на одредена земја, туку на еден регион. Погледнете ги проектите од аспект на она што ви треба да го дознаете. Запомнете: ЕВС не е работа или стажирање, тоа е хуманитарна мисија!

Среќен сум што можам да помагам во голема кооператива Primavera85 cooperativa sociale. Во оваа кооператива има луѓе со тежок физички хендикеп. Јас сум вклучен во секојдневните активности кој ги имаме, помагам во уредување на градината, цртање на цртежи, спремање на ручек во кујна, играње карти, игри поврзани со меморија, одење во спорска сала и изведување на различни вежби, одење во библиотека, играње одбојка, одење на базен итн. Јас се повеќе се трудам да им помогнам на овие лица бидејќи им е потребна мојата за олеснување на нивните животи.

 

 Учењето странски јазици станува тренд во целиот свет. Луѓето се почесто патуваат, а со тоа добиваат и желба за учење на јазиците кои се зборуваат во земјите кои ги посетуваат. Јас се надевам дека во овие наредни месеци кои ми остануваат би го продлабочил знаењето и би истражувал на повисоко ниво за италјанскиот јазик и култура. Моите очекувања се да имам поголеми знаење од областа на италијанскиот јазик и нивната традиција, и искуство да се работи во една голема институција, која се грижиза лицата со посебни потреби. Стекнав нови пријателства. Посетив многу различни места, кои никогаш не помислував дека ќе ги посетам во мојот живот. Но ете и тоа се случи да ги видам сите места, односно да ја истражам цела Италија.

 

Моја порака до младите е секогаш да бидите упорни, да не се откажувате од целите, желбите и секогаш ќе го достигнете тоа што Ве прави среќни во животот. Мислам дека волонтирањето за младите луѓе е голема врата каде што секој може да се пронајде себе си во некој проект. Волонтирање е големо искуство, хуман гест и учење различни јазици и воедно се прави нешто со кое им се помага на луѓе кои за жал им е потребна нашата помош.


Голема благодарност до Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА кои ми помогнаа за до изберам мојот ЕВС проект!

Leave a comment