АБВ на Македонското стопанство е динамична компанија која се фокусира на пазарот за информации во Македонија. Поради зголемениот обем на активности, се отвoра можност за следнава работна позиција: Агент за продажба – реон Прилеп и Битола.

 

Потребни квалификации:

-        Минимум завршено средно образование

-        Познавање на албански јазик  ќе се смета како предност

-        Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност

-        Возачка дозвола Б – категорија, активен возач (минимум 3 години) ќе се смета како предност

-        Возраст: од 21 година

Одговорности и задачи:

-        Планирање и организирање на продажни активности

-        Следење на продажбата и преземање активности за зголемување на продажбата

-        Развивање и одржување на односите со клиентите, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти

Очекувани вештини и способности:

-        Флексибилност за работа на терен

-        Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини

-        Добра дикција и говор

-        Организациски и аналитички способности

-        Одговорна, мотивирана и стабилна личност

-        Динамични, иницијативни и насочени кон резултати

-        Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи

-        Ориентираност кон клиенти

-        Способност за индивидуална и тимска работа

Ние нудиме:

-        Обука на кандидатите

-        Можност за професионален развој и унапредување во полето на маркетинг и продажба

-        Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план

-        Службено возило

-        Можност за редовен работен однос или хонорарна работа

 Потребна документација:

-        Биографија (CV)

-        Мотивационо писмо

Повеќе информации околу работната позиција и начинот на пријавување може да најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 28 февруари 2019 година

 

 

Leave a comment