Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува оглас за работа на проект ЕРАЗМУС+ во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети.

 

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

-               завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии и познавање на втор светски јазик;

-               работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;

-               способност за кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.

Потребно е да се достават следниве документи:

-               Кратка биографија со фотографија (Europass)

-               копија од диплома и уверение за положени испити;

-               потврда за работно искуство со препорака;

Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време понеделник-петок од 08-16 часот.

Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на:

е-mail адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 30 јуни 2018.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју.

 

 

Leave a comment