CED во рамките на соработката со Friedenskreis најавува меѓународнo долгорочнo волонтирање во Германија. Повикот е за волонтирање во периодот од средината на септември 2019 година до средината на септември 2020 година (12 месеци) во рамките на програмата weltwärts.

 

Кој може да аплицира?

Покрај општите критериуми, постојат и специфични критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

-        од 18 до 28 години 

-        основни познавања на англиски јазик и подготвеност да учат германски, почнувајќи уште од матичната земја

-        мотивација: волонтирање како можност да се учи во различни области и вклучување во граѓанското општество

-        интерес за глобалните односи и мировната политика, како и образование на овие теми

-        пожелно е посветеност во граѓанското општество во матичната земја и подготвеност да се вклучат во граѓанското општество во матичната земја по враќањето

 Апликацијата треба да се состои од:

-        вовед: детали за контакт, вклучувајќи ја и целосната адреса и Skype

-        CV (набројување на вашите волонтерски ангажмани досега и прикажување нешто од вашата социјална позадина)

-        мотивационо писмо, вклучувајќи ги вашите омилени задачи (максимум 3) (од 1 до 2 страници А4)

Испратете ја комплетната документација на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Период на аплицирање: 06.02.2019 - 18.02.2019

Leave a comment