Beiersdorf предизвикот за меѓународна пракса е домаќин на годишно ниво во Корпоративниот штаб во Хамбург, Германија. Триесет и два меѓународни најдобри студенти се поканети да се натпреваруваат за четири целосно финансирани меѓународни стажирања.

Ќе може да ги покажете вашите способности во различни активности во дводневниот настан. Четирите најдобри кандидати ќе освојат целосно финансирано меѓународно стажирање во една од нашите 150 подружници од целиот свет или во Корпоративниот штаб во Германија. Комитетот ќе одлучи во кое место победниците ќе бидат назначени. Замислете, може да поминете три месеци во 2019 година со одделот за маркетинг во Бангкок, на нашата производствена локација во Чиле, или со контролниот тим во САД.

Квалификуваност:

-       Во периодот планиран за стажирање, сте запишани во универзитетска програма за бизнис администрација / инженеринг, или веќе имате диплома и ќе запишете Мастер;

-       Сте фокусирани на една од овие области: менаџмент на брендови и дигитален маркетинг, продажба и е – трговија, менаџмент на снабдувачки синџири, или финансии и контрола;

-       Имате стекнато работно искуство преку практикантска работа;

-       Се чувствувате опуштено во меѓународна средина и имате храброст да ја напуштите средината во која се наоѓате;

-       Имате вештини за тимска работа, вештини за комуникација и може да работите независно, со високо ниво на посветеност;

-       Имате одлични аналитички вештини и немате проблеми да комуницирате на англиски јазик.

Придобивки:

-       Стажирањето е целосно финансирано;

-       Можност за работа во меѓународна средина;

-       Можност да дознаете како се создаваат иновативни производи за нега на кожата и силни брендови како што се NIVEA, Eucerin и Hansaplast;

-       Ќе бидете сведоци на интеракција помеѓу различни оддели како што се изтражување и развој, маркетинг, финансии и управување со синџирот на снабдување.

Рокот за пријавување е во тек.

Повеќе информации на следниот линк.

Leave a comment