АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни се на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремат да го поттикнат развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

 

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во:

-        Оддел за програмирање;

-        Оддел за проекти и централно одржување;

-        Оддел за здравје, безбедност и екологија.

Придобивки од учество во оваа пракса:

-          3 месечна практикантска работа со ментор;

-          Континуиран процес на учење и развој на вештини;

-          Покриени трошоци за превоз и храна;

-          Професионална работна атмосфера;

-          Стекнување искуство во меѓународна компанија.

Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) на ФЕИТ, ФИНКИ и Машински факултет кои имаат добри компјутерски вештини, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака „Апликација за пракса – Одделот за кој аплицирате“.

Краен рок за испраќање на Вашите апликации: 17.10.2018 година

Leave a comment