Не пропуштај ја можноста да поминеш два незаборавни месеца во Тајланд, „Земјата на насмевките“!

 

Младиинфо Интернационал ти нуди неверојатна шанса за волонтерска позиција во Сонгкхла, на југот во Тајланд преку Европскиот волонтерски сервис (ЕВС), a трошоците за овa искуство ќе бидат целосно покриени.

Ние ги проширивме нашите хоризонти и заедно со веќе докажаните европски партнери започнавме соработка со нови организации дури од Југоисточна Азија. Нашите младински работници ја искористија шансата да ги проверат локалните организации и да ги доживеат несекоjдневните убавини на Тајланд.

Повеќе за прoeктот прочитај на следниов линк.

Сега, ти си на потег! Приклучи се во проектот за градење капацитети „ЕвроАзија: Програма за поддршка за волонтирање, вкуси нови вкусови, слушни нови звуци, запознај многу нови луѓе и најважно од се’, осознај ја возбудливата азиска култура!

Личниот и професионален развој ти се на дофат, твое е само да аплицираш!

Волонтирањето ќе се одвива во период од 1-ви октомври до 5-ти декември 2018 година.

Активностите ќе се одвиваат во две организации во крајбрежниот и сончев град Сонгкхла, кој се наоѓа во јужниот дел на Тајланд, а е оддалечен околу 100 километри од границата со Малезија. Сонгкхла е најголемиот град во тој регион, а е населен со околу 100,000 жители.

Повеќе информации прочитај на следниот линк.

 

Критериуми:

Ако имаш меѓу 18 и 30 години, зборуваш течно англиски јазик, отворен(а) си за нови култури, а предизвиците се дел од твоето секојдневие, не пропуштај ја шансата да стекнеш неформално образование преку волонтирање и да ги запознаеш убавините на Тајланд. Ако си одговорен, уживаш во запознавањето на нови култури, прилагодлив си и сакаш да напредуваш лично и професионалнотогаш  ти си совршен кандидат за оваа позиција која ќе те поведе во неверојатна авантура. Претходно искуство во полето на волонтерството се смета за твој плус, но клучно е досега да немаш учествувано во ЕВС програмата.

Волонтерските активности ќе бидат спроведени во следните две организации:

– Институт – музеј „Southern Thai Studies“ – лоциран на ридот Јор Ајленд, Сонгкхла, ти нуди запознавање со фантастичен дел од историјата на Тајланд, а плени и со незаборавен поглед кон отворени води. Музејот е во составот на универзитетот „Таксин“.

– Универзитетот „ Tаксин“ – основан во 1996, со осамостојување од составот на Srinakharinwirot Универзитетот, каде бил дел од мрежата. Името на овој универзитет било дадено по наредба на Неговото Височество – Кралот. Главна цел на постоењето на универзитетот е поттикнување на ширење и зачувување на културата на Јужен Тајланд.

Повеќе информации за универзитетот „Таксин“ и за музејот може да се најдат на следната веб страница.

 

Главни одговорности:

Во музејот:

– ќе те обучат за туристички водич во рамките на музејот;

– ќе си одржуваш тури низ музејот за посетители;

– ќе те вклучат во активности поврзани со одржување на музејот, музејските простории и антиквитетите (и тоа некогаш може да биде забавно);

– ќе вршиш промоција на музејот на туристи;

Во универзитетот:

– ќе предаваш англиски јазик на студентите по економски науки од 2ра и 4та година и ќе смислиш креативни идеи за полесно да го совладаат англискиот јазик (замисли се во улога на професор/ка, интересно нели?);

– ќе ги поттикнуваш студентите еднаш неделно да излезат на улица и да вежбаат англиски со странци (можеш и ти со нив, таман ќе запознаете некого);

– ќе отпочнуваш дискусии најразлични теми (ќе ја промовираш својата земја, општество, култура, теми блиски до твоите интереси, биле тие спорт, туризам, животни искуства, градови…);

– ќе поттикнуваш неформална комуникација на англиски со останатите локални професори. Па треба ли и тие да повежбаат малку англиски јазик?!;

 

Сместување и финансирање:

– Сместувањето е во двокреветна соба во рамки на капацитетите на Универзитетот или музејот;

– Храната е обезбедена од организацијата-домаќин, вработените на универзитетот или музејот ќе се погрижат да ја пробаш разноликата азиска кујна;

– Осигурувањето и останатите трошоци поврзани со ЕВС ангажманот ќе ти бидат исто така покриени, а ќе ти бидат префрлени по твоето заминување.

 

Начин на аплицирање:

Доколку сакаш да бидеш дел од ова возбудливо ЕВС искуство испрати ги следниве документи најдоцна до 6 јули 2018 година на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

– CV

– Мотивациско писмо (максимум 1 страница), на англиски јазик. Мотивациско писмо би требало да вклучува:

1. Кој си ти, што работиш/студираш во моментов?

2. Си волонтирал/a ли претходно и каде?

3. Најголем предизвик што досега си го совладал/a?

4. Зошто би сакал(а) да волонтирам во Тајланд?

5. Два месеци далеку од дома – носталгија или возбуда?

* Кандидатите што ќе имаат најдобри апликации ќе бидат повикани на интервју.

За повеќе информации контактирајте на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Ве молиме без телефонски јавувања.

Проектот EuroAsia: Volunteering Assistance Programme во чии рамки се одвива волонтирањето е поддржан од програмата Еразмус +.

Leave a comment