Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2018 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-14/1 усвоена на ден 04.10.2018 година објавува 



КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација 


1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА 
• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 8,0 (осум) просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето
• Да се државјани на Република Македонија
• Да имаат неопходна потреба од финансиски средства за подршка на студирањето. 

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ 
• Молба
• Кратко CV
• Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2018/2019 година
• Уверение за државјанство на Република Македонија
• Фотокопија од прва страна на индекс
• Уверение за положени испити и постигнат успех
• Документи кои ја потврдуваат потребата од финансиски средства за подршка на студирањето 

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 
Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 09.10.2018 година до 22.10.2018 година исклучиво по пошта. 

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА 
Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет. 
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ). 

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат. 

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „ Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2018 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-16/1 усвоена на ден 04.10.2018 година објавува 

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по медицина 


1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА 
• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 8,0 (осум) просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето
• Да се државјани на Република Македонија
• Да имаат неопходна потреба од финансиски средства за подршка на студирањето.

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ 
• Молба
• Кратко CV
• Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2018/2019 година
• Уверение за државјанство на Република Македонија
• Фотокопија од прва страна на индекс
• Уверение за положени испити и постигнат успех
• Документи кои ја потврдуваат потребата од финансиски средства за подршка на студирањето 

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 
Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 09.10.2018 година до 22.10.2018 година исклучиво по пошта. 

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Медицински факултет. 
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нето износ). 

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Краен рок за пријавување: 22.10.2018 година.

Leave a comment