УСАИД проектот за граѓанска вклученост ги поканува младите луѓе (18-25 години) од Македонија да аплицираат за учество во третата година од Програмата за стипендии на LEAD МК 2018/2019. LEAD MK е најсовремена програма за лидерство и застапување дизајнирана да ги оспособи македонските млади луѓе со вештини, знаења и мрежи кои ќе им овозможат да станат лидери во унапредувањето на јавните интереси на заедницата, на регионално или национално ниво.

 

Проектот за граѓанскa вклученост е петгодишна програма финансирана од УСАИД која придонесува за постигнување на две цели:

1.    зајакнување на влијанието на ГО врз политиките и програмите поврзани со приоритетните прашања од интерес на граѓаните и

2.    зголемен и одржлив младински ангажман во јавниот живот во Македонија.

Програмата за стипендии LEAD MK е дизајнирана да го стимулира и негува уникатното лидерско искуство на секој учесник преку "заедница на пракса" - група луѓе кои имаат еднаква страст или загриженост за нешто што го прават (во овој случај ангажирање на своите врсници за важни прашања) и кои учат како да го направат тоа подобро, бидејќи редовно и постојано комуницираат едни со други.

Програмата LEAD MK ќе ги опфати следниве компоненти:

-        учество во LEAD MK Академијата;

-        развој и имплементација на LEAD MK проекти;

-        учество во развојот на лични капацитети и активностите за поврзување на LEAD MK.

УСАИД проектот за граѓанска вклученост ќе ги поддржи учесниците на LEAD MK програмата преку грантови во вид, менторска поддршка и вклучување во широк спектар на активности насочени кон младите.

Повеќе информации околу програмата за стипендии и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Краен рок за поднесување на апликации: 08.10.2018, 12:00 ч.

Leave a comment