Германската Фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt - DBU) објавува конкурс за стипендиии од 6 месеци или 12 месеци за прака или  истражување во организациите во Германија (универзитети, институти, министерства, невладини организации).

 

Стипендиите ќе бидат поддржани во најширокиот спектар на професии, под услов предлог-проектот да е во областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија.

Целна група се млади истражувачи и професионалци - магистрирани студенти (под услов дипломата да е стекната во последните три години или студенти на мастер студии или докторанти кои се при крај со студиите), граѓани на државата, на возраст до 30 години, со познавање на германски јазик (кое било ниво).

Документи кои се потребни за онлајн апликација за конкурсот:

-        CV;

-        предлог-проект (до 3 страници со опис на проблемот, методологија на работа и очекувани резултати);

-        заверени копии од дипломи на судски преведувач на германски или на англиски јазик;

-        писмо со препорака од универзитетски професор;

-        сертификат или потврда за познавање на германскиот јазик.

Рокот за аплицирање е 1-ви август 2018 година.

Почетокот на стипендијата е 1 февруари 2019 година.

Повеќе информации околу конкурсот може да најдете на следниот линк.

Leave a comment