Фондацијата Александар Хумболт секоја година доделува стипендии за истражувачи од странство кои сакаат да се спроведуваат истражувања во рамките на истражувачки институции во Германија. 

Стипендиите се достапни за сите дисциплини.

Се доделуваат околу 500 стипендии на годишно ниво.

Траење на програмата: 6-24 месеци

Профил на кандидатите:

Докторските студии да се завршени пред помалку од 4 години од датумот на аплицирање

Јазични вештини: познавање на англиски или германски јазик (во областите: економија, општествени науки и медицина се бара познавање на германскиот само ако тоа е потребно за успешно спроведување на истражувањето, инаку бара добро познавање на англискиот јазик; природни науки и инженерство - многу добро познавање на германски или англиски јазик )

Стипендијата обезбедува месечен паричен надоместок (2.650 евра месечно), покриени трошоци за здравствено и осигурување од одговорност, паушални патни трошоци, стипендии за јазични курсеви, трошоци за истражувањето. 

Конкурсот е отворен постојано.

Апликациите треба да се испратат на следната адреса:

Alexander von Humboldt Foundation

Selection Department

Jean-Paul-Str. 12, 53173 Bonn, Germany  

Повеќе околу програмата и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Leave a comment