Duke Универзитетот во САд нуди стипендии на меѓународни студенти за додипломски студии.

 

Покрај трошоците за студирање и универзитетските такси, стипендијата може да ги покрива и трошоците за сместување.

Целта е да се привлечат најдобрите студенти од целиот свет и да им се даде прилика да се усовршуваат во најразлични области. Универзитетот нуди и можност за добување на 7 000американски долари за истражувачки труд од одредена област.

За стипендија може да аплицираат граѓаните од било која држава. Потребно е одлично познавање на англиски јазик (IELTS – 7.0; internet-based TOEFL – 100, TOEFL Paper-delivered Test – 75), како и полагање на ACT или SAT тестовите.

Кандидатите се бираат во зависност од финансиската состојба. Само на оние студенти на кои навистина им е потребна финансиска поддршка ќе бидат во можност да добијаат  стипендија. Кандидатите кои ќе бидат во најтесниот круг при изборот за доделување на стипендијата, ќе имаат Skype или телефонски разговор. После тоа, ќе бидат објавени резултатите од конкурсот.

Повеќе информации може да најдете на веб страната од универзитетот.

За повеќе информации, може да пишете на англиски јазик на следната е-mail адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Краен рок за пријавување е: 30-ти април 2018 година.

Leave a comment