Конкурс за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/допломски студии и студискo усовршување  во Република Хрватска за академската 2018/2019 година.

 

1.    Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии зa изучување на хрватскиот јазик и литература.Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија,  потребно е да се студенти кои имаат завршено минимум два семестри на катедрата за хрватски јазик и литература, студенти на катедрата за хрватски јазик, и литература, кои работат на нивните дипломски тези, или студенти запишани на втор циклус на студии 

2.    До осум (8) месеци стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да се магистри или доктори на науки од сите научни области.

3.    Две (2) стипендии за летниот курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.

Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да бидат студенти по славистика, односно по хрватски јазик и литература, асистенти и професори од катедрата за хрватски јазик и литература или од други научни установи, кои го истражуваат хрватскоит јазик и литература, како и преведувачи и лектори.

Потребна документација за пријавување:

За точка број 1  потребни се следните документи:

-        Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

-        Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;

-        Фотокопија од пасош;

-        CV, (Во Европски формат); http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

-        Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломски студии,  (копија од BA/BSc програми);

-        Мотивациско писмо;

-        Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;

-        Потврда за редовен студент;

-        Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

За точка број 2  потребни се следните документи:

-        Образец за пријавување; ( пополнетиот Образец,  потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

-        Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за   пријавување;

-        Фотокопија од пасош;

-        CV, (Во Европски формат); http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

-        Листа на публикации;

-        Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен  соодветен документ од партнерот;

-        Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;

-        Сертификат за владеење на Хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да е на друг  јазик. (Да е приложено во писмото за покана);

-        Две препораки од компетентни професори/експерти од областа на истражувањето;

-        Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;

-        Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

За точка број 3  потребни се следните документи:

-        Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да  биде доставен и во електронска форма) на  http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

-        Фотографија од лична карта поставена на образецот за   пријавување;

-        Фотокопија од пасош;

-        CV, (Во Европски формат)     http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

-        Потврда за редовен студент издадена од матичната институција(за студенти) и копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;

-        Мотивациско писмо;

-        Писмо за препорака;

-        Доказ за владеење на хрватски јазик (минимум А2)

-        Здравственото осигурување на прифатените кандидати е врз основа на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување „Службен весник на Република Македонија“, бр. 34/1997.

Согласно овој Договор, на прифатените кандидати им се препорачува да обезбедат документ, кој во случај на болест ќе им овозможи здравствена заштита во Република Хрватска.

Напомена: Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и да го доставите во три примероци во хартиена форма, заедно со потребната документација.

Наведените документи потребно е во три примероци да се достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 02 март, 2018 година.

Подетални информации за наведениот Конкурс можете да најдете на следниов линк и во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска. This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

 

 

Leave a comment