Амбасадата на Словачката Република во Македонија известува за повик за апликации за стипендии за Словачката национална програма за мобилност.

 

 (Slovak National Mobility Programme) за студиски престој на странски универзитетски студенти, студенти на докторски науки, универзитетски наставници, истражувачи и уметници, на словачките јавни универзитети за академската 2018/2019 година.

Словачката страна ја покрива стипендијата која вклучува трошоците за живот на стипендистот (сместување, исхрана итн.) за време на неговиот студиски престој,истражување, предавање или уметнички престој.

Патните трошоци за повратен билет (со автобус) до и од местото на студирање ги покрива Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страната: www.scholarships.sk.

Апликациите треба да бидат доставени on-line на веб страната: www.scholarships.sk, до 30 Април 2018 година, 16:00 Централно Европско Време.

Leave a comment