Доколку не сте успеале да добиете целосна стипендија, пробајте да се запишете на некоои од универзитетите каде што школарината е мала, или воопшто не се плаќа.

 

Државите како Норвешка, Австрија, Германија, Финска и Шведска нудат вакви програми за меѓународни студенти.

На државните универзитети во Норвешка и универзитетските колеџи не се плаќа школарина, без разлика дали сте од Норвешка или не. Тоа важи за сите студии: додипломски,постдипломски и докторски студии. Студентите само ги плаќаат семестралните трошоци кои изнесуваат од 300 до 600 норвешки круни за секој семестар. 1 норвешка круна (NOK) изнесува околу 6,5 македонски денари. На некои од државните фаултети, во зависност од програмат која се студира, може да се плаќа школарина, и тоа е најчесто за постдипломските студии. Доколку се плаќа школарина, таа е иста без разлика дали сте од Норвешка или не. Трошоците за живеење се повисоки. Тие изнесуваат од 90 000 до 10 000 норвешки круни за една година.

Листа на универзитети и колеџи во Норвешка.

Доколку не живеете во некоја од земјите од Европската Унија, на државните универзитети во Австрија се плаќа од 360 до 760 евра за семестер. Доколку сте учесник во програми за размена, партнерства меѓу универзитетите, или граѓанин на некоја помалку развиена земја, може да бидете изземени при плаќањето на школарина на државните универзитети во Австрија. Студентите од земјите во развој и од Централна и Источна Европа може да бидат изземени или да аплицираат за целосно или делумно рефундирање на трошоците за школарина. Трошоците за живеење во Австрија се околу 800 евра месечно, и ги вклучува сместувањето, храната, и лични трошоци.

Листа на факултети во Австрија.

Од Октомври, 2014 година, на сите универзитети во Германија не се плаќа школарина за додипломски и последователни постдипломски студии за сите студенти. Се плаќаат само семестрални трошоци околу 50 евра и административни трошоци околу 50 евра. Ова може да се промени во иднина. Следете ја следнта страна за да знаете за најновите промени на државните универзитети во Германија.  За постдипломските студии се плаќа школарина, а докторските студии се бесплатни. Се плаќаат само семестрални трошоци кои изнесуваат од 150 до 200 евра за семестар. Трошоците за живеење изнесуваат од 500 до 800 евра месечно.

Листа на универзитети и колеџи во Германија.

Од есента, 2017 година, не се плаќа школарина на универзитетите во Финска за додипломските и постдипломските програми на коишто предавањата се на англиски јазик. Само за докторските студии не се плаќа партиципација, без разлика на националноста. Финските универзитети доделуваат стипендии за надарени студенти кои не живеат во некоја од земјите-членки на Европската Унија. Трошоците за живеење изнесуваат од 700 до 900 евра месечно.

Листа на универзитети во Финска.

Шведскиот институт и голем број на универзитети во Шведска нудат целосни или делумни стипендии за меѓународни студенти. Докторските студии се како платени работни места. Ако ви се понуди позиција како кандидат за докторски студии, вие нема да плаќате школарина, и ќе добивате плата секој месец.

 

Листа на универзитети во Шведска. Стипендии во Шведска.

Leave a comment