Универзитетот во Северен Кентаки, САД, нуди стипендии за додипломски студии на меѓународни студенти кои прв пат запишуваат факултет.

 

Стипендиите се доделуваат на најдобрите креативни и талентирани студенти. Стипендиите се во износ од 1 500 до 5 000 американски долари и се нудат како помош за школувањето.

За да аплицирате, треба да ја пополните апликацијата од универзитетот, да ги платите трошоците за аплицирање, да доставите копија од завршено средно образование и да испратите резултати од SAT и/или ACT влезните тестови.

Краен рок за аплицирање е 01-ви април 2018 година.

 

Може да аплицирате на следниот линк. Повеќе информации за стипендијата може да прочитате на официјалната веб страна од универзитетот.

Leave a comment