Основан во 1868 година како прва економска школа во Италија, венецијанскиот универзитет Ca’Foscari е современ универзитет кој опфаќа широк спектар на основни и постдипломски студии.

 

Овој универзитет нуди голем број на програми на англиски јазик како и двојни дипломи (double degree), кои заедно со бројните договори за соработка со институции од целиот свет, го збогатуваат интернационалниот фокус кој отсекогаш бил одлика на овој универзитет.

Ca’Foscari им помага на студентите во текот на нивната универзитетска кариера нудејќи им кредити, стипендии и останати видови на финансиска помош. Постои и посебна поддршка наменета за странски студенти, студенти кои работат или студенти со инвалидитет.

На овој универзитет се запишани преку 20.000 студенти во рамките на четири различни области:

-       Уметност и друштвени науки

-       Наука и технологија

-       Економија и менаџмент

-       Јазици

Школарина и стипендија: Годишната школарина за постдипломски студии изнесува 2100 €.

Достапни се 100 стипендии кои ги покриваат трошоците за школарина, но постојат и други 90 стипендии во износ од 5000€.

Почеток на семестарот: септември 2018

Пријавување: декември – април. Платформата за пријавување се отвора во декември.

Траење: 2 години, 120 ЕКТС

Цена: 2100€ по година

Јазици на студирање: англиски, италијански

Ниво: Б2

Housing канцеларијата им помага на студентите да најдат сместување. Универзитетот има потпишано договори со хотели илуѓе кои издаваат станови, со што постои можност за попуст за студентско сместување.

На следниот линк се наоѓа листа со програмата за постдипломски студии, а на овој линк се наоѓа брошурата на универзитетот.

Информациите кои се однесуваат на неопходните сертификати за познавање на јазик се наоѓаат на следниот линк.

Краен рок за пријавување: 01.04.2018

Leave a comment