Универзитетот во Нотингем нуди стипендии за најдобрите студенти кои сакаат да учат докторски студии.

Студентите имаат можност да одберат на кој од следните факултети сакаат да ги изучуваат докторските студии: факултет за уметност, медицина, наука, општествени науки. Се доделуваат 50 стипендии. Стипендијата целосно ги покрива трошоците за школување во текот на тригодишните студии. Почетокот на студиите е во септември/октомври 2018 година.

Пред да аплицирате за стипендијата, мора претходно да аплицирате и добиете понуда од универзитетот за да студирате таму.

Краен рок за аплицирање за стипендиите е 9-ти март 2018 година.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Leave a comment