Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува конкурс за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2018/2019 година.

Стипендиите се следните

1.    Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

2.    Дваесет и четири (24) месеци стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

3.    Две (2) стипендии со траење од две седмици, за посета на летниот курс по словенечки јазик  за студенти по словенечки јазик од Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:

-       Образец за пријавување;

-       Копија од диплома или заверен препис на нотар;

-       Копија од  пасош (со страната на фотографија):

-       Оригинална потврда (писмо за прифаќање) потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна установа за прием на студенти за размена;

-       Една препорака од страна на домашната установа за размена на студенти;

-       Две препораки од страна на домашната установа за истражувачки престој

Кандидатите потребно е да ги пополнат и да ги испечатат обрасците кои се во прилог  на овој конкурс. Обрасците  може да се најдат на следниов линк:

http://eng.cmepius.si/programmes/bilateral-scholarships/

Пополнетите обрасци, испечатени, заедно со потребната документација, во три примероци, се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје.

Кандидатите кои ќе се пријават за студиски престој потребно е да го познаваат словенечкиот јазик, освен ако со менторот, односно претпоставениот не се договорат да користат друг работен јазик.

Здравственото осигурување на прифатените кандидати е врз основа на Договорот за социјално осигурување меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија, („Службен весник на Република Македонија“), бр. 13/1999.

Краен рок за доствување на апликациите е 1 март 2018 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска, на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk). и на  e-mail This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

 

 

Leave a comment