Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за учебната 2017/2018 година за кандидати од Република Македонија доделува вкупно 20 стипендии.

 

И тоа:

- 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc), првенствено од областа на инженерските, земјоделските и природните науки, технологија, медицина, економија, уметности;

- 7 стипендии за целосни последипломски студии (MA/MSc), исто така од горенаведените области;

- 2 стипендии за целосни едно - циклусни (one-cycle) студии од сите области од интерес;

- 4 стипендии за целосни докторски студии  (PhD/ DLA) од сите области од интерес, по добивањето на согласност од соодветната високо образовна институција. 

Стипендијата го покрива следниве трошоци:

-    Школарина;

-    Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок  во  ХУФ месечно;

-    Здравствено осигурување;

-    Месечна стипендија согласно со постојната законската регулатива која се однесува на унгарските студенти, вклучувајќи ја и првата година за подготвителни курсeви;

-    Патните трошоци за патување во Унгарија се на товар на кандидатите.

Рокот за аплицирање е до 16.02.2018

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање ќе ги најдете на следниот линк.

Leave a comment