École Polytechnique Fédérale de Lausanne (EPFL) е истражувачки институт и универзитет во лозана, Швајцарија.

EPFL е светски водечки универзитет специјализиран за природни науки и инженерство. Се доделуваат стипендии за постдипломски студии. Стипендијата изнесува 32 000 швајцарски вранци за двегодишни постдипломски студии и 24 000 швајцарски франци за 1 и пол годишни постдипломски студии. Изборот на кандидати за стипендијата се врши врз основа на постигнати академски успеси.

Аплицирањето е онлајн. Првиот рок за аплицирање започнат е од средината на ноември и ќе трае до 15-ти јануари 2018 година. Кандидатите на кои им е потребна виза, се препорачува да се пријават во овој рок. Вториот рок почнува од 16-ти јануари до 15-ти април 2018 година.

Повеќе информации за универзитетот, начинот на аплицирање и условите може да најдете на следниот линк

Leave a comment