Од 2010, Шведска е една од неколкуте земји во Европа каде што студирањето е бесплатно. 

 

Донесен е закон каде што школарината и апликативните трошоци за студентите кои не живеат во некои од земјите од Европската Унија се вклучени во Шведските програми за стипендирање. Шведските универзитети нудат голем број на стипендии за меѓународни студенти.

Стипендии кои ги доделува шведската влада:

Шведски Научен Институт – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии и ги покриваат трошоците за школување и живеење. Краен рок за пријавување е 15 јануари 2018 година за почеток на студиите во август 2018 година.

Visby програма за стипендии – оваа стипендија ги покрива трошоците за школување и живеење на студенти од Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија, Русија и Украина. Стипендијата е за постдипломски студии. Пријавувањето е од 2 - 9 февруари 2018 година.

Универзитетски стипендии:

Blekinge програма за стипендии на Институтот за Технологија – оваа стипендија покрива дел од трошоците за школување, во износ од 50% до 70%.

Стипендии на универзитетот Borås – стипендиите се за постдипломски студии. Покриваат до 75% од трошоците за школување и не ги покрваат трошоците за живеење.

Chalmers IPOET стипендии – стипендиите се доделуваат за постдипломски програми на Chalmers универзитетот и покриваат до 75% од школарината. Краен рок за аплицирање е 15 јануари 2018 година.

Стипендии на универзитетот Gothenburg – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии  за едногодишни или двегодишни студии. Стипендијата ги покрива трошоците за школување. Краен рок за аплицирање за стипендијата е 2 февруари 2018 година.

Стипендии на универзитетот Halmstad – стипендиите се за постдипломски студии и покриваат од 25% до 50% од трошоците за школување.

Глобална програма за стипендии на универзитетот Karlstad – стипендиите покриваат 25%, 50%, 75% или 100% од трошоците за студирање. Краен рок за пријавување е 1 февруари 2018 година.

Karolinska Insitutet стипендии – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии и ги покриваат трошоците за школување.

Стипнедии на универзитетот Kristianstad – стипендиите може да бидат целосни или делумни. Краен рок за пријавување е 1 февруари 2018 година.

KTH Кралски институт за технологија – стипендиите се за постдипломски студии и ги покрива трошоците за школување. Краен рок за пријавување е 15 јануари 2018 година.

Linnaeus универзитет – стипендиите обично покриваат 75% од трошоците за школување, а неколку стипендии од Linnaeus академијата за наука и бизнис покриваат 100% од трошоците за школување. Краен рок за пријавување е 1 февруари 2018 година.

Linköping меѓународни стипендии – покриваат 25%, 50%, 75% или 100% од трошоците за студирање. Стипендиите се за постдипломски студии.

Глобална програма за стипендии на универзитетот Lund – стипендиите се доделуваат за постдипломски или додипломски студии и покриваат 25%, 50%, 75% или 100% од трошоците за студирање. Краен рок за аплицирање е 15 јануари 2018 година.

Стипендии на универзитетот Mälardalen – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии и целосно ги покриваат трошоците за школување.

Стипендии на универзитетот Malmö – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии за талентирани студенти.

Mid Sweden Универзитет – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии. Стипендијата покрива дел од трошоците за школување, од 70 000 до 250 000 шведски круни, во зависност од одбраната програма за студирање. Краен рок за пријавување е 5 февруари 2018 година.

Стипендии за универзитетот Örebro – стипендиите ги покриваат целосно или делумно трошоците за школување. Краен рок за пријавување е 31 јануари 2018 година.

Стипендии на универзитетот Skövde – универзитетот нуди мал број стипендии кои покриваат дел од трошоците за школување.

Стипендии на универзитетот Stockholm – стипендиите се доделуваат за постдипломски студии и ги покриваат само трошоците за школување.

Стипендии на универзитетот Umeå – се доделуваат мал број на стипендии за постдипломски програми. Краен рок за пријавување е 15 јануари 2018 година.

Uppsala IPK Стипендии – Стипендиите се доделуваат за постдипломски студии и целосно ги покриваат трошоците за школување. Рок за пријавување е од 16 јануари до 01 февруари 2018 година.

 

Пред да аплицирате за било која стипендија, потребно е да аплицирате за програмата која сакате да ја студирате на www.universityadmissions.se.

Leave a comment