Франција е една од најпопуларните дестинации за студирање.

 

Партиципацијата на некој од државните универзитет е ниска, од 200 до 600 евра годишно, а на некои од приватните универзитети може да биде и до 10 000 евра. Трошоците за живеење изнесуваат околу 10 000 евра годишно. За среќа, има голем број на стипендии за меѓународни студенти.

Француската влада, заедно со Европската унија, ја доделуваат Eiffel стипендијата. Програмата за оваа стипендија е креирана од Министерството за надворешни работи на Франција како алатка за привлекување на најдобрите студенти од светот. Стипендијата се нуди за постдипломски и докторски студии.

Повеќе информации за програмата, условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање за оваа стипендија е: 12 јануари, 2018 година.

Стипендии од француските универзитети кои се доделуваат на меѓународни студенти

École Normale Supérieure International Selection е една од најпознатите стипендии. Секоја година, ЕНС одбира 30 најталентирани студенти кои учат природно-математички или општествени науки. Студентите добиваат околу 1 000 евра месечно за 2-3 години. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Ampere Scholarships of Excellence at ENS de Lyon – овие стипендии се доделуваат на најдобрите студенти за постдипломски студии. Се доделуваат по 1000 евра месечно во текот на една година. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Краен рок за пријавување е 18 декември 2017 година.

Emily Boutmy Scholarships at Sciences Po University – овие стипендии се доделуваат на студенти кои не живеат во некоја од државите – членки на Европската Унија. Се доделуваат до 10 000 евра за двегодишни постипломски студии или од 3 000 до 12 000 за тригодишни додипломски студии. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Краен рок за пријавување е 03 јануари 2018 година.

Université de Lyon Masters Scholarships – Универзитетот во Лион доделува стипендии за постипломски студии. Студентите може да изберат од програмите кои ги нуди универзитетот или некој од партнер – универзитети. Стипендијата изнесува 800 евра во текот на 10 месеци. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк

Université Paris-Saclay International Master’s Scholarships – овие стипендии се доделуваат за постипломски студии. Стипендијата изнесува 10 000 евра годишни и максимум 1 000 евра за патни трошици и виза. Повеќе информации за оваа стипендија и за условите може да најдете на слениот линк.

Grenoble Institute of Technology Foundation Scholarships – оваа стипендија се доделува за постдипломски студии. Стипендијата изнесува 5 000 евра за еден семестер. Повеќе информации за условите, програмата и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

INSEAD MBA Scholarships – има мал број од овие стипендии и има различни критериуми за доделување на иститие.  Висината на стипендиите изнесува од 5 000 – 25 000 евра. Повеќе информации за условите, програмата и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

INSEAD Syngenta Scholarships Endowed Scholarships for Emerging Country Leadership – оваа стипендија е за постдипломски студии поврзани со агробизнисот и одржување на агрикултурата преку иновативни истражувања и технологии. Може да се студира во Франција или Сингапур. Стипендијата изнесува 22 500 евра. Повеќе информации за условите, програмата и начинот на аплицирање може да најдете на слениот линк.

Краен рок за аплицирањe за започнување со студии во Јули 2019 година:23 октомври - 6 ноември 2017 и од 15 - 29 јануари 2018.

Краен рок за аплицирање за започнување со студии во декември 2019 година: 23 април - 7 мај 2018 година, и 11 - 25 јуни 2018 година.

 

HEC Paris MBA Scholarships  - овие стипендии се поделени во неколку категории. Стипендиите изнесуваат од  6 000 – 24 000 евра. Повеќе информации за категориите на стипендии, условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Leave a comment