The Swedish Institute Study Scholarships (SISS) доделува стипендии за постипломски студии.

 

Ќе бидат доделени околу 180 стипендии. Наставата почнува од зимскиот семестар 2018 година. Институтот целосно ги покрива трошоците за студирање, трошоци за живеење во износ од 9 000 шведски круни месечно, патни трошоци во износ до 15 000 шведски круни.

Начин на аплицирање: прво аплицирате за постипломската програма на universityadmissions.se до 15 јануари 2018 година. Потоа аплицирате за SISS стипендијата од 2 до 9 февруари 2018 година.  Известување добивате од University Admissions на 6 април 2018 година, а добитниците на стипендии од SISS се известуваат по е-меил на 26 и 27 април 2018 година.

Потребни документи: мотивационо писмо во pdf формат, биографија во Еуропас формат не подолга од 3 страни, 2 писма со препорака, доказ дека сте работеле и копија од валиден пасош.

 

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк.

Leave a comment